Can Erözden
10 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
КАРАКАС (АА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека една од постројките за добивање електрична енергија на неговата земја беше подложена на високотехнолошки кибернапад, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на антиимперијалистичкиот протест во главниот град Каракас, Мадуро изјави дека нападот бил извршен со користење на високотехнолошко оружје, кое во светот го имаaт само властите на САД.
„Денес го вративме снабдувањето со електрична енергија во 70 отсто од територијата на земјата, но напладне, уште еден кибернапад беше извршен врз една од постројките, кои дотогаш работеа совршено. За таа цел, сите напредоци што ги постигнавме до средината на минатата година, попладнето беа прекинати“, додаде тој.
Тој изјави дека шпионите во националната компанија за електрична енергија на Венецуела стојат зад прекинот на електричната енергија и вети дека ќе ги идентификуваат и казнат што побрзо.
„Овие напади беа спроведени со употреба на високи научни достигнувања, имаше електромагнетни напади врз националните електрични линии.“
- Прекинот на електрична енергија се смета за саботажа -
Обвинувајќи ги САД за прекинот на електрична енергија, Мадуро го опиша опозицискиот лидер поддржан од САД, Хуан Гваидо, како кловн и марионета.
Во Венецуела има голем недостиг на електрична енергија од четвртокот, оставајќи 21 од 23 сојузни земји во темница.
Прекинот на електрична енергија претходно беше наречен „саботажа“. Локалните медиуми, „Ел Питазо“ („El Pitazo“), објавија дека прекинот се појавил како резултат на неуспехот во хидроелектричната централа „Симон Боливар“ („Simon Bolivar“), исто така позната како „Гури Дам“ („Guri Dam“) во јужната држава Боливар.
„Гури Дам“ е една од најголемите хидроелектрични станици во светот и е главно напојување на електричната мрежа на Венецуела.
Венецуела е зафатена со протести од 10 јануари, кога претседателот Николас Мадуро положи заклетва за својот втор мандат, по изборите кои опозицијата ги бојкотираше.
Напнатоста дополнително се зголеми кога опозицискиот лидер Хуан Гваидо на 23 јануари се самопрогласи за вршител на должноста претседател, и беше поддржан од страна на САД и многу европски и латиноамерикански земји. Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико го поддржуваат Мадуро.