Alma Çekovic
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Француското Министерство за одбрана минатата година беше мета на 24.000 кибер напади, изјави министерот за одбрана на таа земја, Жан-Ив Ле Дриан, јавува Anadolu Agency (AA).
Ле Дриан, во интервју за „Ле журнал ду Диманче“ (Le Journal du Dimanche) истакна дека слични напади на неговото министерство се удвојуваат секоја година и дека оваа година на мета би можеле да бидат претседателските избори.
Како што изјави тој, наивно е да се мисли дека Франција е отпорна на кибер нападите како оние за време на претседателските избори во САД, за кои Русија.
Ле Дриан изјави дека бројот на кибер нападите во Франција е значително зголемен во последните три години, и дека тие претставуаат сериозна закана врз инфраструктурата на земјата.
Како што изјави тој, минатата година биле спречени илјадници надворешни напади, вклучувајќи ги и обидите за спречување на системот за беспилотни летала.
„Франција не само што мора да биде подготвена да се штити себеси од кибер нападите, туку мора да биде подготвена и сама да напаѓа доколку тоа е потребно”, изјави Ле Дриан, пренесува Би-би-си.
Тој додаде дека до 2019 година бројот на таканаречени дигитални војници во француската војска бил удвоен на 2.600, со поддршка на додатни 600 кибер експерти.