Rahmi Gündüz
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот производител на автомобили Рено (Renault) беше цел на кибер напад, соопштено е од групата Рено, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Компанијата од петокот е погодена од кибер-напади. Започнати се потребните дејствија против овие напади“, наведуваат од Рено.
Не се дадени информации за можната штета од кибер нападите.
Со меѓународни кибер-напади погодени се државни и приватни организации во Соединетите Американски Држави (САД), Австралија, Португалија и во Мексико.
Цел на кибер напади беа и големите шпански компании, во прв ред главната телекомуникациска компанија „Telefonica“, компанијата за електрична енергија „Ibedrola“, потоа „Gas Natural“ и банкарската група „BBVA“. И во Велика Британија забележани се напади па голем број на болници ги одложија операциите.