економија

Се очекува одговор на „Рено“ за предлогот на „Фиат Крајслер“ за спојување на компаниите

Управниот одбор на „Рено“ ќе се состане денеска попладне за да одлучи за понудата која би можела да ја редизајнира глобалната автоиндустрија

Ekip  | 04.06.2019 - Обновена : 06.06.2019
Се очекува одговор на „Рено“ за предлогот на „Фиат Крајслер“ за спојување на компаниите

ПАРИЗ (AA) - Францускиот произведувач на автомобили „Рено“ (Renault) би можел позитивно да одговори на предлогот на „Фиат Крајслер“ (Fiat Chrysler) за спојување, пренесува Anadolu Agency (AA).

Управниот одбор на „Рено“ ќе се состане денеска попладне за да одлучи за понудата која би можела да ја редизајнира глобалната автоиндустрија.

Во „Рено“ одлучуваат дали ќе продолжат со преговорите за спојување со кои би бил создаден трет по големина произведувач на автомобили во светот, кој би вредел речиси 40 милијарди долари и би бил комбинација на силите во трката за производство на електричните и автономните возила.

Владата на Франција, која поседува 15 отсто од „Рено“, разговараше со произведувачите на автомобили во изминатите денови и нејзините функционери рекоа дека „динамиката е позитивна“. Според тврдењата на функционерите, спојувањето би произвело холдинг со седиште во Холандија и оперативен штаб во Франција.

Но договорот отвора прашања во врска со идниот однос на „Рено“ со „Нисан“ (Nissan) и „Мицубиши“ (Mitsubishi).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.