Emre Gürkan Abay
16 Мај 2022•Ажурирај: 17 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за индустрија и трговија соопшти дека целиот имот на француската компанија Рено во Русија е префрлен на руската држава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Министерството за индустрија и трговија на Русија, се наведува дека е потпишан договор со Рено за пренос на сите средства на компанијата во Русија на руската влада и на општина Москва.
Според договорот, целиот имот на Рено во Русија е префрлена на управата на општина Москва.
Од друга страна 68-процентниот удел на Рено во „АвтоВАЗ“, најголемата автомобилска компанија во земјата, ќе премине на рускиот институт NAMI.
Во соопштението се посочува дека Рено има право да го откупи својот удел во „АвтоВАЗ“ во рок од 6 години.
Рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров на 27 април наведувајќи дека средствата на Рено во Русија ќе бидат префрлени во замена за симболична „1 рубља“, рече дека мора да најдат алтернатива бидејќи компанијата ја прекинала работата во Русија.
Рено одлучи да го прекине производството во својата фабрика во Русија поради санкциите и најави дека ги разгледува опциите за компанијата „АвтоВАЗ“.
Рускиот претседател Владимир Путин го поддржа предлогот на владата за назначување на раководство од страна на државата на странските компании кои ќе одлучат да ја напуштат земјата.