Haydar Karaalp
16 Мај 2022•Ажурирај: 17 Мај 2022
БАГДАД (АА) - Во Ирак е запрена наставата, а ирачката Влада информираше дека 2.000 лица се хоспитализирани поради опасност од задушување од интензивната песочна бура што ја зафати земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Песочната бура што утринава ги зафати ирачките градови, вклучувајќи го и главниот град Багдад, негативно влијание врз животот во земјата.
Портпаролот на ирачката Влада, Сејф Бедир, упати апел до граѓаните да не излегуваат од дома сѐ до смирување на песочната бура.
Бедир нагласи дека 2.000 лица биле хоспитализирани поради опасност од задушување од песочната бура.
Интензивната песочна бура е причина и за одложување на летовите на меѓународниот аеродром во Багдад и на аеродромот во Неџеф.