Atila Altuntaş
16 Мај 2022•Ажурирај: 17 Мај 2022
СТОКХОЛМ
Шведската влада соопшти дека одлучила да испрати делегација на дипломати во Турција за да разговараат за членството во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефицата на шведската дипломатија Ан Линд потврди дека наскоро во Анкара ќе биде испратена делегација за да дискутира околу барањето за членство на земјата во НАТО, одлука која беше донесена од страна на Социјалдемократска партија на Шведска.
Оценувајќи ја реакцијата на Русија на барањето на Шведска за членство во НАТО, Линд рече: „Русија направи кампањи за дезинформации дека ние сме нацисти. Ќе се зголемат кибернападите и ќе има движење кон нашата граница.“
На вчерашната седница на Социјалдемократската партија беше одлучено да се аплицира за членство во НАТО. Со оваа одлука, и со поддршка на десничарските партии во парламентот, се смета дека Шведска дефинитивно ќе го поднесе барањето за членство во НАТО.
Од друга страна, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, кој се сретна со Линд на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин, главниот град на Германија, истакна дека Шведска и Финска отворено ја поддржуваат терористичката организација ПКК/ЈПГ.
„Ова, пак, негативно влијае на чувствата на нашиот народ, и покрај сите наши предупредувања. Затоа, земја која ќе стане сојузник очигледно не треба да ја поддржува ПКК/ЈПГ, терористичката организација која секој ден изведува напади врз нас во кои животот го губат нашите полицајци, војници и цивили“, нагласи Чавушоглу.