Betül Yürük
16 Мај 2022•Ажурирај: 16 Мај 2022
ЊУЈОРК
Едно лице загина, а 4 лица се тешко повредени во вооружен напад на црква во американската сојузна дражава Калифорнија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во американските медиуми, вооружен напад е извршен во црква на југот на Калифорнија.

Властите известија дека во нападот 1 лице загинало, а четворицата повредени се во критична состојба.
Полициската управа на округот Оринџ информираше дека е приведено едно лице во врска со нападот извршен во црквата во градот Лагуна Вудс.
