свет, Коронавирус

„Рено“ од работа ќе отпушти 15.000 вработени

Министерот за економија на Франција, Бруно Ле Мер, во интервјуто за весникот „Фигаро“ (Le Figaro) рече дека „Рено“ побарал финансиска помош во висина од 5 милијарди евра, но дека сѐ уште ова барање не е одобрено

Gökhan Kurtaran  | 29.05.2020 - Обновена : 29.05.2020
„Рено“ од работа ќе отпушти 15.000 вработени

ЛОНДОН

Француската автомобилска компанија „Рено“ објави дека од работа ќе отпушти 15.000 вработени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на оваа автомобилска компанија се вели дека е донесена одлука според која во текот на наредните три години се планира вкупните трошоци на компанијата да се намалат на ниво од 2 милијарди евра и дека во тие рамки од работа ќе бидат отпуштени 15.000 вработени.

Според објавените информации, компанијата планира да ги намали трошоците од фирмите ангажирани за инженерство и подизведувачи, додека програмата за развој во Романија и Мароко е суспендирана.

„Рено“ објави и дека планираното производство на 4 милиони возила на глобално ниво до 2024 година е симнато на ниво од 3,3 милиони.

Во соопштението се наведува дека само во Франција се планира од работа да бидат отпуштени 4.500 вработени, и дека продолжуваат средбите со работничките синдикати во врска со плановите на компанијата.

„Рено“ информира дека на глобално ниво компанијата зазема 4% од автомобилскиот пазар, а во рамките на планот за намалување на трошоците на компанијата, само отпуштањето на 15.000 вработени би ги намалило трошоците за 1,2 милијарда евра.

Компанијата во моментов во различни делови од светот обезбедува работа на вкупно 179.000 лица.

Клотилд Делбос, извршен потпретседател на „Рено“, на оваа тема рече: „Овој план беше потребен. Беше потребно да го смениме гледиштето. Не планираме да бидеме во светскиот врв. Сакаме да бидеме одржлива и профитабилна компанија.“

Минатата година вкупната продажба на возилата на „Рено“ беше намалена за 3%, додека во првиот квартал од оваа година продажбата е намалена за 25%.

Минатата недела министерот за економија на Франција, Бруно Ле Мер, информира дека француската автомобилска компанија „Рено“ се соочува со сериозни финансиски проблеми поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека е можно таа да биде целосно затворена.

Ле Мер во интервјуто за весникот „Фигаро“ (Le Figaro) рече дека „Рено“ побарал финансиска помош во висина од 5 милијарди евра, но дека сѐ уште ова барање не е одобрено.

Вкупната продажба на автомобили на пазарот во Европската Унија (ЕУ) во април, како последица од пандемијата на Ковид-19, во споредба со истиот период минатата година е намален за 76,3%.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.