Murat Tan
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Поради наводната повреда на еден полицаец во Источен Ерусалим беше убиено палестинско момче, јавува Anadolu Agency (AA).
Луба eс-Семра, портпарол на израелската полиција, изјави дека Палестинец бил убиен поради наводен напад со нож врз израелски полицаец. Не го потврди идентитетот на момчето.
Во последно време се интензивираат нападите на Израел врз Палестинците. Организациите за човекови права го обвинуваат Израел дека извршува вонсудско погубување на Палестинци.
Израел, од 1967 година под окупација го држи Источен Ерусалим и Западниот Брег. Во Источен Ерусалим се наоѓаат околу 200.000, а во Западниот Брег двојно повеќе еврејски доселеници. Сите новоизградени еврејски населби во таа област според меѓународните норми се нелегални.
Меѓу Западниот Брег и Ерусалим, Израел изгради „ѕид на разделување“ со кој го спречува доаѓањето на Палестинците во Ерусалим. Паралелно со ова, Израел од 2006 година под ембарго ја држи и палестинската Газа.