İlkay Guder
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес оствари средба со кинескиот претседател, Си Ѓинпинг, јавува Anadolu Agency (AA)
Ердоган заедно со својата делегација одржа средби кинеската делегација која траеше околу 45 минути.
Двете страни на средбата, која беше затворена за медиумите, потпишаа договор за меѓусебна екстрадација на криминалците, договор за патен транспорт и договор за отворање меѓусебни културни центри со Народна Република Кина.
Според претседателски извори, на средбата помеѓу турскиот претседател Ердоган и неговиот колега Си Ѓинпинг се разговарало најмногу за економските односи меѓу двете земји. Кинескиот претседател истанал Било дека поддршката на Турција е многу значајна и се заблагодарил на претседателот Ердоган поради неговото учество на меѓународниот Форум „Еден Појас, еден Пат“.
На средбата претседателот Си истакнал дека се преземени мерки против терористичката организација ФЕТО, и дека нема да им се дозволи делување на никакви структури кои претставуваат закана за Турција, и ќе бидат во соработка со Турција во врска со ова прашање.
На средбата станало збор и за борбата против тероризмот, како и во врска со кризата во Сирија, за што било наведено дека ова прашање единствено може да се реши со политичка транзиција, и дека е неопхпдно да се поддржат преговорите за Сирија во Астана и во Женева.
На дневниот ред на средбата било и прогласувањето на 2018 година за година на Турција и Кина, и се разгварало за подготовките околу тоа.
На средбата било укажано на успехот на претходно формираната платформа за е-трговија. Исто така, се дискутирало и за менаџирање со пристаништатата како и за бродоградбата. Двете делегации разговарале и околу инвестициите и банкарството, и е наведено дека е потребно интензивирање на соработката во овие сектори.
Се очекува двајцата лидери по петти пат да се сретнат на Самитот на Г-20 кој е планиран да се одржи во јули во Германија.