Murat Ünlü
28 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Обвинителството во Париз започна истрага откако одредени француски компании беа цел на глобални кибер-напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Истрагата е започната откако одредени француски компании беа погодени од вирусот „Petya“ и „Petwrap“ кои го користат истиот принцип како вирусот „WannaCry“, што минатиот месец се рашири во 150 земји.
Истрагата се однесува на „изнудување пари“, „спречување на компјутерски системи“, како и „упад во компјутери во Франција, со цел измама“.
Француската железница „СНЦФ“, синџирот продавници „Auchan“ (Ашан), компанијата за производство и продажба на градежни материјали „Saint-Gobain“ (Сен-Гобен), како и многу други помали компании вчера беа цел на кибер-напади.
Нападите во голема мера се појавија прво во Украина и во Русија, а потоа се проширија во другите европски земји, САД и во Австралија.