Mahmut Atanur
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Поради активноста на вулканот Агунг на островот Бали, Индонезија очекува загуба во туризмот од 665 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за туризам на Индонезија, Ариф Јахја, соопшти дека поради активноста на вулканот Агунг, се очекува до крајот на годината 1 милион странски туристи да ја откажат посетата на познатото туристичко место Бали.
Министерот Јахја посочи дека во периодот од август до декември, островот Бали дневно го посетуваат 15.000 туристи, истакнувајќи дека очекуваното откажување на резервациите до крајот на годината би можело да предизвика загуба во туризмот од 665 милиони долари.
Официјалните претставници наведуваат дека алармот за опаснот од ерупција на вулканот би можел да биде на сила подолг период.
Од почетокот на неделата, вулканот Агунг повторно започна да исфрла пепел и облаци од чад, што предизвика алармот за опасност на островот Бали да се подигне на највисокото ниво. Авиосообраќајот беше прекинат до средата, а поради оваа одлука, десетици илјади туристи останаа заробени на островот.
На туристите кои останаа на аеродромите, Министерството за туризам им обезбеди бесплатен престој и им го продолжи визниот престој во земјата.
Минатата година, познататата туристичка дестинација Бали ја посетија 4,5 милиони туристи, воглавно од Австралија, Кина, Јапонија, Британија и Индија.