Emel Öz Gözellik
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Се претпоставува дека роботите до 2030 година можат да остават без работа од 400 до 800 милиони лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Глобалниот институт „Меккензи“ спроведе истражување според коешто роботите до 2030 година, на светско ниво, без работа ќе остават од 400 до 800 милиони лица.
Институтот спроведе истражување за околу 800 професии во 46 земји, при што е забележано дека со вклучувањето на роботите во деловниот живот, се очекува 20 отсто од вработените да останат без работа.
Според истражувањето, се очекува роботизацијата во поголема мера да биде користена во богатите земји, што ќе предизвика поголема загуба на работните места во овие земји. Можно е во Германија, САД и во некои други развиени земји, без работа да останат дури 33 отсто од вработените.
Според истражувањето, со цел ерата на роботизацијата да се спроведе без да им наштети на заедниците, потребно е државите да инвестираат во обука на вработените во различни области.