Hajer M'tırı
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Денес беше одбиена жалбата што најголемата турска опозициска партија ја поднесе до Европскиот суд за човекови права (ЕХЦР), поради референдумот за уставни промени од април 2017 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Републиканската народна партија (CHP) жалбата до ЕХЦР, во врска со референдумот, ја поднесе на 4. јули. Според сооштението на ЕХЦР, ЏХП тврдеше дека референдумот е одржан под неповолни и недемократски услови.
„Референдумите, за разлика од изборите, не се одржуваат во разумни интервали поради фактот што во поголемиот дел, ако не и во сите случаи, тие претставуваат систем за утврдување на мислењето на народот за прашањето што не е предмет на повторување, како што е референдумот за Уставот во овој случај“, велат од ЕХЦР и додаваат:
„Друго, што е уште поважно, референдумите обично не се организирани како средство на избори на граѓаните за одредени должности, со други зборови како избори кои на гласачкото тело му даваат можност да бира законодавни тела. Во овој случај, иако референдумот за Уставот внесе многу значајни уставни промени, граѓаните на Турција очигледно не избраа која било одредена личност или повеќе лица за законодавна позиција или работни места“.
Реформите кои се усвоени во април ја проширија извршната власт на турскиот претседател, а на претседателот му е дозволено да ги задржи врските со политичката партија.
Други големи промени вклучуваат намалување на возраста за добивање пратенички мандат од 25 на 18 години, зголемување на бројот на пратениците во парламентот од 550 на 600, затворање на воените судови и одржување парламентарни и претседателски избори во исти ден, на секои пет години.
Истовремени парламентарни и претседателски избори на петгодишен мандат воТурција, во согласност со новиот Устав, ќе бидат одржани во ноември 2019 година.