спорт

Турчинката Дурна го понесе олимпискиот факел во Јапонија

- Турчинката Дурна Озкаја, која живее во градот Кушимото во јапонската префектура Вакајама, го понесе факелот со олимпискиот оган што пристигна во градот

Ahmet Furkan Mercan  | 10.04.2021 - Обновена : 11.04.2021
Турчинката Дурна го понесе олимпискиот факел во Јапонија

ТОКИО

Откако во Јапонија беше прифатено барањето на Дурна Озкаја да биде една од носителките на олимпискиот факел, таа со нетрпение чекаше факелот да пристигне во местото Кушимото, известува Агенција Анадолија (АА).

Облечена во белата униформа со симболите на Олимпијадата, што ја носеа носителите на факелот, Озкаја на крајбрежјето на Кушимото го прими олимпискиот факел од претставникот на Организацискиот комитет на ОИ во Токио.

Откако Озкаја го прими факелот од службеникот на Комитетот, таа истрча 200 метри покрај крајбрежјето со факелот во раката.

Покрај крајбрежјето, жителите на Кушимото, со јапонски и турски знамиња во рацете ѝ ракоплескаа на Озкаја, а таа им возврати велејќи „Благодарам“.

Публиката која често ја повторуваше јапонската фраза „ганбаре“, што значи „потруди се и успеј“, со своите мобилни телефони ја снимаа Озкаја како го носи олимпискиот факел.

Претставниците на националните медиуми со интерес го следеа носењето на олимпискиот факел покрај крајбрежјето на Кушимото. И јапонскиот јавен радиодифузер НХК известуваше за носењето на олимпискиот факел низ Кушимото и за Озкаја.

Турнејата за носење на олимпискиот факел низ целата земја, што се смета за симбол на Олимписките игри, започна во Фукушима на 25 март. Патувањето на факелот со олимпискиот оган ќе заврши на 23 јули на Олимпискиот стадион во Токио.

Олимпијадата во Токио, што требаше да се одржи од 24 јули до 9 август 2020 година, поради пандемијата на коронавирусот е одложена и е презакажана за периодот од 23 јули до 8 август 2021.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.