Abdulkadir Karakaya
09 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Во второто по важност фудбалско клупско натпреварување во Европа, УЕФА Лига Европа, синоќа се одиграа првите натпревари од четвртфиналето, известува Агенција Анадолија.
Тимот на Манчестер Јунајтед како гостин ја совлада Гранада со 0:2. Победата на англискиот клуб му ја донесоа Маркус Рашфорд во 31. минута и Бруно Фернандес во 90. минута со удар од белата точка.
Италијанскиот претставник Рома по водството на Ајакс од 1:0, сепак успеа да извојува победа од 1:2. Холандскиот клуб поведе со 1:0 преку Деви Класен, а Рома изедначи на 1:1 во 57. минута преку Лоренцо Пелегрини. Конечните 1:2 и победа на Рома ги постави Роџер Ибанез во 87. минута, ставајќи крај на серијата на Ајакс од 24 победи во сите натпреварувања.
Арсенал на домашен терен ја пречека Славија Прага. Натпреварот заврши без победник, 1:1, а погодоците ги постигнаа Николас Пепе во 86. минута за Арсенал, а во судиското продолжение, во 90.+3. минута Славија ги постави конечните 1:1 со погодокот на Томаш Холеш.
Хрватскиот претставник Динамо Загреб му беше домаќин на шпанскиот претставник Виљареал. Гостите извојуваа победа од 0:1 со погодокот на Жерар Морено во 44. минута.
Реванш-средбите од четвртфиналето на Лига Европа се закажани за 15 април (четврток).
Резултати од првите средби во Лига Европа:
Гранада - Манчестер Јунајтед 0:2
Арсенал - Славија Прага 1:1
Ајакс - Рома 1:2
Динамо Загреб - Виљареал 0:1