спорт

Менаџерската кариера на Зидан во Реал Мадрид крунисана со 11 пехари

Тој се смета за еден од најодликуваните менаџери на Реал Мадрид во историјата - 48-годишниот Французин освои три трофеи во Лигата на шампиони, два клупски светски купа, два Суперкупа на УЕФА, два Суперкупа на Шпанија и две титули на Ла лигата.

Muhammed Enes Çallı  | 08.04.2021 - Обновена : 09.04.2021
Менаџерската кариера на Зидан во Реал Мадрид крунисана со 11 пехари

АНКАРА

Францускиот менаџер Зинедин Зидан во саботата (3.4.2021) стигна до својот 250. натпревар со Реал Мадрид, во кој клубот го победи Еибар со 2:0 во рамките на шпанската Ла лига, јавува Агенција Анадолија (АА).

Поранешниот легендарен играч од средниот ред има неверојатна кариера на тренер во Реал Мадрид со 11 титули и победи во 166 од вкупно 251 натпревар.

Менаџерската кариера на Зидан во неговиот поранешен тим Реал Мадрид, започна во јануари 2016 година, кога го замени шпанскиот менаџер Рафаел Бенитез, потпишувајќи две и полгодишен договор кога имаше 43 години.


- Единствен менаџер кој освојува последователни трофеи во Лигата на шампиони

Во првиот меч, Реал Мадрид обезбеди победа од 5:0 над Депортиво, а на крајот на сезоната, Зидан го освои првиот трофеј на Лигата на шампиони по победата на ривалот на Атлетико Мадрид со пенали во финалето.

Во сезоната 2016/2017, Реал Мадрид ја освои шпанската Ла лига со помош на Зидан со собирање на 93 поени, три повеќе од Барселона.

Реал Мадрид исто така ја освои Лигата на шампиони со победа од 4:1 над Јувентус во финалето и со тоа стана прв тим кој двапати по ред освои титула на шампион во историјата на турнирот.

Зидан продолжи да создава историја во Лигата на шампиони во наредните години, кога неговиот тим во финалето во 2018 година го победи англискиот Ливерпул со 3:1 во најпрестижниот европски клупски натпревар трипати по ред.

Пет дена по финалето на Лигата на шампиони, Зидан поднесе оставка за да стави крај на својот прв мандат на менаџер на Реал Мадрид.

И покрај неочекуваното заминување, Зидан повторно беше на чело на Реал Мадрид по кратката пауза во март 2019 година, затоа што шпанската екипа претрпе лоши резултати за време на сезоната 2018/2019.

По таа разочарувачка сезона, влијанието на Зидан на Реал Мадрид беше непосредно, што доведе до тоа неговиот тим да ја обезбеди рекордната 34. титула во Лигата во сезоната 2019/2020.


- Го водеше Реал Мадрид во освојување на 11 пехари

Тој се смета за еден од најодликуваните менаџери на Реал Мадрид во историјата - 48-годишниот Французин освои три трофеи во Лигата на шампиони, два клупски светски купа, два Суперкупа на УЕФА, два Суперкупа на Шпанија и две титули на Ла лигата.

Реал Мадрид во моментов е на третото место во Ла лигата со 63 бода оваа сезона, со три бода помалку од лидерот и градскиот ривал Атлетико Мадрид.​​​​​​​

Зидан се стреми кон четвртиот трофеј во Лигата на шампионите, а сега неговиот тим масовно се движи кон полуфиналето откако го победи Ливерпул со 3:1 на домашен терен во првиот натпревар од четвртфиналето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın