Hüseyin Burak Demirer
10 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
АНКАРА
Екипата на Бостон Селтикс во продолжението на натпреварот со 145:136 ја совлада екипата на Минесота Тимберволвс, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Натпреварот меѓу Селтикс, кој се бори за пласман во плејофот на Источната конференција, и последнопласираната екипа на Минесота Тимберволвс измина со голем пресврт. Откако гостите ја добија првата четвртина со 14 поени разлика (25:39), домаќините постепено ја намалуваа разликата во останатите четвртини, за на крајот од регуларниот дел на средбата, резултатот да биде нерешен 124:124. Домаќините во продолжението остварија скор од 21:12 и извојуваа победа од 145:136.
Најзаслужен за победата на Селтикс беше Џејсон Тејтум со постигнат дабл-дабл учинок од 53 поени, 10 скока и 4 асистенции. Тејтум (23) на овој натпревар го урна личниот рекорд на постигнати поени, а во исто време стана најмладиот кошаркар на Селтикс кој успеал да ја мине границата од 50 поени. Свој придонес во победата на домаќините дадоа и Маркус Смарт со 24 поени, 8 асистенции и 6 скока и Џејлен Браун со 26 поени, 5 скока и 3 асистенции.
Во редовите на Тимберволвс најпрецизен беше Карл Ентони Таунс со дабл-дабл учинок од 30 поени, 12 скока и 7 асистенции, Дианџело Расел со 26 поени, 8 асистенции и 4 скока и Ентони Едвардс со 24 поени, 5 скока и 5 асистенции.
- 50-те поени на Зек Лавин недоволни за Булс
Во центарот на вниманието на средбата Атланта Хоукс - Чикаго Булс беше дуелот меѓу Тре Јанг и Зек Лавин. На натпреварот на кој Јанг постигна 42 поени, 9 асистенции и 8 скока, а Лавин постигна 50 поени, 8 скока и 5 асистенции, Хоукс го совлада Булс со 120:108.
Во првото полувреме од натпреварот Лавин постигна 39 поени, што претставува трет најдобар скор постигнат во првото полувреме во последните 25 години, по Коби Брајант (42) и Клеј Томпсон (40).
Покрај Јанг, голем придонес во победата на Хоукс дадоа Клинт Капела со дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скока и Данико Галинари со 20 поени и 6 скока. Во редовите на Булс покрај извонредниот перформанс на Лавин, добра игра прикажа и Никола Јокиќ со дабл-дабл од 25 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно за да се совладаат домаќините.
- Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција, загуби од Пеликанс
Екипата на Филаделфија Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција, со резултат 101:94 загуби од домаќинот Њу Орлеанс Пеликанс.
Најзаслужен за победата на Пеликанс беше Зион Вилијамс со дабл-дабл од 37 поени, 15 скока и 8 асистенции.
Кај Севентисиксерс, Тобајас Херис постигна 23 поени, 7 скока и 3 асистенции, Џоел Ембид постигна 14 поени и 9 скока, а турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз ја заврши средбата со 12 поени, 2 скока и 2 асистенции.
Резултати:
Орландо Меџик - Индијана Пејсерс 106:111
Њујорк Меџик - Мемфис Гризлис 133:129 (во продолжение)
Бостон Селтикс - Минесота Тимберволвс 145:136 (во продолжение)
Атланта Хоукс - Чикаго Булс 120:108
Њу Орлеанс Пеликанс - Филаделфија Севентисиксерс 101:94
Милвоки Бакс - Шарлот Хорнетс 119:127
Денвер Нагетс - Сан Антонио Спарс 121:119
Голден Стејт Вориорс - Вашингтон Визардс 107:110
Лос Анџелес Клиперс - Хјустон Рокетс 126:109.