Dildar Baykan
11 Април 2021•Ажурирај: 12 Април 2021
ВАШИНГТОН
Турска вечер беше организирана за време на натпреварот меѓу Кливленд Кавалирс и Торонто Репторс, што се играше во рамките на американската Национална кошаркарска лига (НБА), известува Агенција Анадолија (АА).

Во текот на натпреварот што во живо го следеа милиони гледачи, на дигиталните екрани во салата беа споделувани информации за Турција.
Со договорот за соработка што го потпишаа тимот на Кливленд Кавалирс, во кој настапува турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, и Институтот „Јунус Емре“, се планира во претстојниот период да се спроведат голем број активности за спортска дипломатија и програма за промовирање на турската култура.