Şenhan Bolelli
13 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
МАДРИД
Клубот Реал Мадрид соопшти дека сегашниот претседател Флорентино Перес е реизбран за претседател без да се оди на избори, бидејќи тој беше единствениот кандидат на претседателските избори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од клубот се наведува дека Флорентино Перес е прогласен за претседател на клубот и ќе остане на функцијата до 2025 година под нормални услови.
Перес, 74-годишен бизнисмен, е избран за претседател на клубот по 6-ти пат. Перес бил на функцијата претседател на клубот Реал Мадрид од 2000 до 2006 година и од 1 јуни 2009 година до денес.
Под водството на Перес, клубот досега има освоено вкупно 47 трофеи од кои 26 во фудбал и 21 куп во кошарка.
Примарната цел на Перес, кој е прикажан како еден од најважните претседатели во историјата на Реал Мадрид, во новиот мандат е реновирање на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, што се очекува да заврши до крајот на 2022 година, елиминирање на економските загуби предизвикани од Ковид-19 и фокусирање на трансферот на фудбалери по суспензијата од една година.
Познато е дека Реал Мадрид, кој минатото лето за прв пат по 40 години во својата историја не направи трансфер на ниту еден фудбалер, е заинтересиран за Килијан Мбапе (Париз Сен Жермен) и Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) за следната сезона.
Од друга страна, соопштено е дека тестот за Ковид-19 на Серхио Рамос е позитивен. Исто така и Рафаел Варан се наоѓа во карантин поради Ковид-19.