Abdullah Tevge
14 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Во реванш-средбите од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, Баерн Минхен со 0:1 извојува победа над ПСЖ во Париз, а Порто со истиот резултат го совлада Челси, но поради постигнат поголем број погодоци на гостински терен, ПСЖ и Челси изборија пласман во полуфиналето на ЛШ, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа два натпревари од четвртфиналето во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Европа, УЕФА Лигата на шампиони.
Францускиот претставник Париз Сен Жермен, по победата на гостински терен од 2:3, во реваншот на домашен терен го пречека германскиот претставник Баерн Минхен. Натпреварот се одигра на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз.
Баерн во 40. минута поведе со 0:1 благодарение на погодокот на Ерик Шупо-Мотинг. Со овој резултат заврши и натпреварот, со вкупен резултат 3:3, но ПСЖ избори пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони благодарение на поголемиот број постигнати погодоци на гостински терен.
Во полуфиналето тимот од Париз ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.
ПСЖ и Баерн Минхен се сретнаа во минатогодишното финале на ЛШ. Баерн Минхен извојува победа од 1:0 и стана првак во Лигата на шампиони.
- Челси во полуфиналето
Во вториот натпревар што се одигра синоќа, англискиот претставник Челси, поради ограничувањата во патувањата воведени во рамките на борбата со Ковид-19, го пречека португалскиот претставник Порто на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“ во Шпанија, на истиот стадион на кој се одигра и првата средба меѓу овие два тима.
Во судиското продолжение Порто успеа да постигне погодок преку Мехди Тареми за водство и победа од 0:1 против Челси, но поради победата на Челси од 0:2 на првата средба, англискиот претставник се пласираше во полуфиналето на ЛШ.
Челси во полуфиналето од УЕША ЛШ ќе игра против победникот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
- Финалето на ЛШ ќе се игра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул
Првите натпревари од полуфиналето на УЕФА Лигата на шампиони се закажани за 27 и 28 април, додека реванш-средбите ќе се играат на 4 и 5 мај.
Финалето на УЕФА Лигата на шампиони е закажано за 29 мај, а ќе се игра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.
- Денес се играат преостанатите два натпревари од четвртфиналето на ЛШ
Денес на програмата се преостанатите две реванш-средби од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони. Се среќаваат Ливерпул - Реал Мадрид и Борусија Дортмунд - Манчестер Сити. На првата средба Реал Мадрид извојува победа од 3:1, додека Манчестер Сити победи со резултат 2:1. Двата натпревари започнуваат во 21:00 часот.