Hüseyin Burak Demirer
14 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
АНКАРА
Тимот на Лос Анџелес Клиперс со резултат 126:115 ја совлада Индијана Пејсерс во рамките на натпреварите на американската Национална кошаркарска лига (НБА), известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 7 средби во НБА. Во Западната конференција, третопласираниот Лос Анџелес Клиперс како гостин ја совлада Индијана Пејсерс и ја постигна својата 6-та последователна победа.
Во тимот на Клиперс одлична игра прикажаа Кавај Леонард со 36 поени, 8 асистенции и 7 скока и Маркус Морис со 22 поени, 7 скока и 3 асистенции.
Кај Пејсерс најпрецизни беа Малколм Брогдон со 29 поени и 5 скока, Карис Леверт со 26 поени, 6 асистенции и 3 блокади и Домантас Сабосис со дабл-дабл учинок од 20 поени и 13 скока, но тоа не беше доволно за домаќините да го избегнат поразот.
- Селтикс со победа си заминаа од гостувањето кај Треил Блејзерс
Тимот на Бостон Селтикс, кој се бори за пласман во плејофот на Источната конференција, како гостин го совлада Портланд Треил Блејзерс со 115:116 и ја постигна својата 4-та победа во серија.
Најзаслужни за победата на Селтикс беа Џејсон Татум со 32 поени, 9 скока и 5 асистенции, Џејлен Браун со 24 поени, 4 скока и 2 асистенции и Кемба Вокер со 21 поен, 8 скока и 7 асистенции.
Кај домаќините Дејмијан Лилард постигна дабл-дабл со 28 поени, 10 асистенции и 5 скока, Кармело Ентони 25 поени, а Норман Пауел го заврши натпреварот со 20 поени.
Резултати:
Минесота Тимберволвс - Бруклин Нетс 97:127
Торонто Репторс - Атланта Хоукс 103:108
Индијана Пејсерс - Лос Анџелес Клиперс 115:126
Шарлот Хорнетс - Лос Анџелес Клиперс 93:101
Јута Џез - Оклахома Сити Тандер 106:96
Портланд Треил Блејзерс - Бостон Селтикс 115:116
Феникс Санс - Мајами Хит 106:86.