Селекторот Милевски го објави списокот на фудбалери за квалификациските натпревари против Белгија и Казахстан
На претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство Северна Македонија ќе игра против Белгија на 6 јуни во Скопје и против Казахстан на 9 јуни во Астана

СКОПЈЕ (АА) - Селекторот на фудбалската А репрезентација на Северна Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Белгија и Казахстан, јавува Анадолу.
На претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство Северна Македонија ќе игра против Белгија на 6 јуни во Скопје и против Казахстан на 9 јуни во Астана.
На списокот на селекторот Благоја Милевски единствен дебитант е Стефан Деспотовски од ОФК Белград.
Поради повреда двата меча во мундијалските квалификации ќе ги пропуштат дефанзивците Дарко Велковски и Никола Серафимов, како и фудбалерот од средниот ред, Лирим Ќамили.
Според објавата на веб-страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), селекторот Милевски повика 27 фудбалери за двата натпревара.
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Дејан Илиев, Игор Алексовски.
Одбрана: Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски, Ѓоко Зајков, Стефан Деспотовски.
Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Лука Станковски, Тихомир Костадинов, Агон Елези.
Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски, Давид Тошевски, Димитар Митровски.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.