спорт

Навивачите на Челси и Реал Бетис се судрија пред финалето на Конференциската лига

Инцидентот се случи на градскиот плоштад, каде што навивачите на двата клуба се собраа во рамки на Фестивалот на навивачи што УЕФА го организира на 27 и 28 мај

Emre Aşıkçı, Bozhan Memiş  | 28.05.2025 - Обновена : 29.05.2025
Навивачите на Челси и Реал Бетис се судрија пред финалето на Конференциската лига

ИСТАНБУЛ (АА) – Навивачите на англискиот клуб Челси и шпанскиот Реал Бетис се судрија синоќа во полскиот град Вроцлав, пред финалето на Конференциската лига на УЕФА, јавува Анадолу.

Инцидентот се случи на градскиот плоштад, каде што навивачите на двата клуба се собраа во рамки на Фестивалот на навивачи што УЕФА го организира на 27 и 28 мај.

И покрај преземените безбедносни мерки од страна на полската полиција, дојде до физичка пресметка меѓу групите навивачи. Полицијата интервенираше со звучна бомба за да ја смири ситуацијата, при што неколку лица беа приведени. Повредените навивачи добија прва помош од своите пријатели.

Големото финале меѓу Челси и Бетис ќе се одигра на 28 мај на стадионот „Вроцлав“ во Вроцлав.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.