Alaattin Doğru
07 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
ДАКАР (AA) - Познатиот камерунски фудбалер Самуел Ето ја заврши професионалната фудбалска кариера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ето (38) кој минатата сезона настапуваше за Катар Спортс Клуб (Qatar Sports Club), потврди дека ставил точка на фудбалската кариера долга 23 години, јавија камерунските медиуми.
Во многу богатата кариера камерунскиот напаѓач настапуваше за Реал Мадрид, Барселона, Интер, Челси и бројни други европски клубови. Со споменатите клубови освои вкупно 25 трофеји што го прави еден од најуспешните фудбалери од африканскиот континент.
Во пет сезони колку што помина во Барселона, постигна повеќе од 100 погодици, рекордер е по бројот на настапи во однос на било кој африкански играч во шпанската лига. Во 2010 година стана прв фудбалер кој освои тројната круна (лига, куп и Лига на шампиони) со два различни клуба - Барселона и Интер.
Најодликуван е африкански играч во историјата освојувајќи награда за африкански фудбалер на годината рекордни четири пати (2003., 2004., 2005. и 2010 година).
Со камерунската репрезентација ги освои Олимписките игри во 2000 година. Настапи на четири Светски првенства и шест Африкански купови на нации (два освои) чиј е најдобар стрелец на сите времиња со 18 постигнати погодоци.