Oktaj Omeragik
07 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
СКОПЈЕ
Во американскиот град Њујорк во тек е последниот Гренд-слем тениски турнир сезонава. Во машка конкуренција се одиграа две полуфиналиња, Медведев против Димитров, а Надал играше против Беретини, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првото полуфинале се сретнаа Рускиот тенисер Данил Медведев и Бугаринот Григор Димитров. Медведев со 3:0 (7:6 [7-5], 6:4, 6:3 ) го совлада Димитров и избори пласман во финалето. Ова е прво финале на Медведев на еден Гренд-слем турнир, кој во својата кариера има освоено 5 титули.
Во второто полуфинале утрово играа Рафаел Надал, вториот носител на турнирот и Италијанецот Матео Беретини, 24. носител. Надал успеа со 3:0 (7:6 [], 6:4 и 6:1) да го совлада Беретини пласирајќи се во финалето на УС Опен. Ова е 27 финале на еден Гранд-слем турнир за Надал, кој досега на трипати му успеваше да го освои УС Опен, во 2010, 2013 и 2017 година. Триесет и тригодишниот шпански тенисер во својата кариера има освоено 83 титули и во финалето ќе се бори за својата 4 титула на УС Опен.
Медведев (23) е висок 198 сантиметри, а во финалето ќе му се спротивстави на светкиот рекет број 2, Надал кој е на 33 годишна возраст и висок 185 сантиметри. Натпреварот се игра во недела со почеток во 22:00 часот.