Alaattin Doğru
25 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
ЈАУНДЕ (АА) - Патнички автобус се судри со камион во Камерун. Во сообраќајката животот го загубија 15 лица, а 20 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во локалните медиуми, на патот Јаунде – Дуала, во близина на градот Едеа се случила сообраќајна несреќа во којашто се судриле патнички автобус со 70 патници и камион што доаѓал од спротивниот правец.
Се тврди дека до несреќата дошло поради неправилно претекнување од страна на возачот на автобусот.
Во несреќата животот го загубија 15 лица, а 20 се повредени.
Министерот за транспорт на Камерун, Едгар Алан Мебе Нго'о за новинарите соопшти дека автобуската компанија чиј автобус учествувал во несреќата има тримесечна забрана за учество во сообраќајот и против неа е започната истрага.
Министерот Мебе Нго'о изјави дека против возачот на автобусот е подигната кривична пријава и додаде дека на возачот му е одземена возачката дозвола во времетраење од една година.