Diyar Güldoğan
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Кинескиот претседател Си Ѓинпинг денес доби втор петгодишен мандат за челник на Комунистичката партија на Кина (CPC), соопштија локалните медиуми, јавува Anadolu Agency (AA).
„Повторно сум избран за генерален секретар на Централниот комитет на CPC", се вели во цитираната изјава на Си, објавена од страна на официјалната новинска агенција „Xinhua“ (Синхуа).
„Ова го гледaм не само како признание за мојата работа, туку и како охрабрување што ќе ме поттикне" изјавил тој.
Кинескиот претседател Си зборуваше пред новиот седумчлениот Постојан комитет на Политбирото (главното тело за донесување одлуки на комунистичка Кина), кое беше претставено на јавноста во Големата народна сала во Пекинг.
Политбирото доби пет нови членови, заедно со Си и премиерот Ли Кечанг, вториот човек на партијата.
Во вторникот, Си ја зацврсти својата позиција кога партискиот конгрес го внесе неговото име и политичката филозофија во уставот на партијата, заедно со поранешните лидери Мао Цетунг и Денг Сјаопинг.
Овој потег ја призна неговата позиција како најмоќен човек кој ја водел земјата со децении и го изолираше од спротивставувањето на ривалските фракции.
Новите членови на Политбирото се Ли Џаншу, Ванг Јанг, Ванг Хунинг, Џао Леџи и Хан Џенг, објави „Xinhua“.