свет

Англофонските сепаратисти во Камерун киднапираа 63 селани

- Англофонското подрачје Југо-запад во Камерун (во кое се говори англиски), сепаратистите киднапираа 63 селани, меѓу кои има и деца

Ahmet Emin Dönmez  | 14.07.2020 - Обновена : 15.07.2020
Англофонските сепаратисти во Камерун киднапираа 63 селани

АНКАРА 

Англофонското подрачје Југо-запад во Камерун (во кое се говори англиски), сепаратистите киднапираа 63 селани, меѓу кои има и деца, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во националните медиуми, гувернерот на регионот Југо-запад, Бернард Окалиа Билаи, соопшти дека сепаратистите извршиле напад во селото Моук Летех. Билаи соопшти дека безбедносните сили започнале операции во регионот за пронаоѓање на киднапираните.

Во нападот нема загинати, но сепаратистите киднапирале 63 селани.

Засега ниту една од вооружените групи не ја презеде одговорноста за нападот.

Во последен период многу често се случуваат киднапирања во англофонското подрачје во Камерун.

Од 2017 година досега, вооружените сепаратистички групи кои делуваат во северозападниот и југозападниот англофонски подрачја на Камерун киднапираа повеќе стотици лица, првенствено ученици и верски лица.


- Аглофонска криза

До аглофонската криза дојде кога владата во училиштата и судовите во аглофонското подрачје испрати лица кои не знаат англиски, по што, во 2016 година започнаа протести.

На 1. октомври 2017 година, денот кога земјата во периодот 1961-1972 премина кон федеративно уредување, сепаратистите под водство на Сисику Ајук Табе, прогласија дека во англофонското подрачје Баменда формирале држава под име „Амбазонја“.

Лидерот Табе по кого беше пуштена меѓународна потерница, во јануари беше фатен во Нигерија и му беше предаден на Камерун.

Според последните податоци, во англофонската криза и судирите меѓу војската и сепаратистите загинале најмалку 3.000 лица, раселени се 679 илјади лица, додека околу 40.000 беа принудени да се засолнат во соседните земји.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.