Ayşe Aktaş
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
ЕСЕКА (AA) – Најмалку 70 лица загинаа а над 600 лица се повредени во железничката несреќа која се случи во Камерун, во момент кога воз излегол од шините, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи во градот Есека кој се наоѓа 120 километри западно од главниот камерунски град Јаундеа.
Камерунскиот министер за транспорт Едгард Алан Мене Нго го посети местото на несреќата и соопшти дека најверојатната причина за несреќата била пренатрупаноста со прекумерен број на патници во возот.
Функционерите на камерунските железници соопштија дека во возот кој сообраќал на реалција Јаонда-Дуала имал капацитет од 600 патници, а во него патувале 1.300 патници.
Истрагата за несреќата е во тек.