спорт

Формула 1: В недела се вози Големата награда на Италија

В недела, на 8 септември, се вози Големата награда на Италија, 14. трка во Формула 1 годинава

Yunus Kaymaz  | 07.09.2019 - Обновена : 08.09.2019
Формула 1: В недела се вози Големата награда на Италија

ИСТАНБУЛ

Возбудата на трките во Формула 1 продолжува со 14. трка на овогодишниот Светски шампионат која ќе се одржи во Италија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во италијанскиот град Монца, на истоимената патека долга 5.793 метри, возачите на Формула 1 в недела ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 53-те круга за победа на Големата награда на Италија. Денеска со почеток во 15:00 часот започнува пласманот за пол-позициите, а трката ќе се одржи в недела, со почеток во 15:10 часот.

Последните пет години „Мерцедес“ е шампион во Формула 1 во категоријата пилоти и во категоријата на тимови. Во досегашните 13 трки „Мерцедес“ извојува победа на 10, од кои на 8 трки победи Британецот Луис Хамилтон, додека на 2, неговиот клупски колега, Финецот Валтери Ботас.

Холанѓанецот Макс Верштапен, возачот на „Ред Бул-Хонда“ на двапати се искачи на врвот на победничкиот подиум, додека единствената победа на „Ферари“ сезонава му ја донесе Шарл Леклер во трката за Големата награда на Белгија.

Пласманот на пилотите и тимовите пред Големата награда на Италија:

- Пласман на пилоти

1. Луис Хамилтон - 268 поени

2. Валтери Ботас - 203 поени

3. Макс Верштапен - 181 поен

4. Себастијан Фетел - 169 поени

5. Шарл Леклер - 157 поени

- Пласман на тимови

1. Мерцедес - 471 поен

2. Ферари - 326 поени

3. Ред Бул - 254 поени

4. Мекларен - 82 поени

5. Торо Росо 51 поени

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.