Canan Tükelay
07 Септември 2019•Ажурирај: 08 Септември 2019
АФЈОНКАРАХИСАР (АА) - Во турскиот град Афјонкарахисар започна Светскиот мотокрос шампионат (MXGP), кој се одржува од 6 до 8 септември, под покровителство на Претседателството на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на Светскиот мотокрос шампионат, Афјонкарахисар истовремено е домаќин и на Светскиот мотокрос шампионат за жени (MXWomen), Светскиот мотокрос за млади (MX2) и Европскиот мотокрос шампионат (EMX 2T).
Потпретседателот на Турската федерација за мотоциклизам, Оган Бајсан, во својата изјава рече дека трките се емитуваат на 20 телевизии ширум светот.
Тој рече дека преку организација на овој спортски настан имаат можностда ги прикажат убавините на Турција.
„Youthstream“, кој е сопственик на организацијата, авторските права за објава им ги додели на популарните спортски канали, како што се „Eurosport“, „beIN Sport“, „Sport TV“, „CBS Sports“, „Fox Sports“, RTL и „Motorsport TV“, со што љубителите на овој спорт во живо и како снимка ќе можат да ги следат натпреварувањата во 176 земји.
Афјонкарахисар и минатата година беше домаќин на ова натпреварување, а со додавањето и на брендот PR во работата на светски познати производители и брендови, минатата година за промоција на Турција беа обезбедени средства во висина од 245 милиони евра.