Levent Kişi
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
АНТАЛИЈА (АА) - По повод 10-годишнината од работата на фондацијата „Самуел Ето" во градската Арена во Анталија, на 16-ти јули ќе биде организиран хуманитарен натпревар меѓу екипата на ѕвездите на Ето, All Star, и ѕвездите на турскиот фудбал, јавува Anadolu Agency (AA).
Фондацијата која веќе десет години ја води славниот камерунски фудбалер Ето се занимава со хуманитарна работа, раководи со фудбалска академија и бројни едукативни работилници во Камерун, а јубилејот на десетгодишнина од нејзиното постоење ќе биде прославен во Анталија.
Ето, Лионел Меси, Неимар, Суарез, Диего Марадона, Еден Хазард, Тори, Микаел Есјен, Чави, Џеј Џеј Окоча, Пиер-Емерик Обамејанг Андреас Иниеста, Демба Ба, Дрогба, Арда Туран, Марсел Десаи, Карим Бензема, Фабио Капело, Ласана Диара, Нванкво Кану, Хозе МУрињо, Коло Туре и бројни други актуелни и поранешни фудбалски ѕвезди го најавија своето учество во Анталија.
Од Фондацијата ги демантираа вестите на некои светски медиуми кои напишаа дека споменатиот натпревар би можел да биде откажан поради терористичките напади во Истанбул.
Во соопштението се наведува дека речиси сите ѕвезди го потврдиле своето доаѓање во Анталија, каде ноќ пред натпреварот ќе биде организирана хуманитарна гала вечера, и собраните средства ќе бидат подарени на хуманитарната организација на Ето.