АНКАРА (АА) – Натпреварот Ол-стар 2019 во американската кошаркарска лига ќе се одржи во Шарлота, утре наутро, јавува Anadou Agency (AA).
Спектрум центарот на Шарлота Хорнетс, по 1991 година, повторно ќе биде домаќин на НБА Ол-стар натпреварот.
Првиот настан во викендот ќе започне утре во 01:00 по локално време со натпреварот на познати личности. На натпреварот ќе учествуваат познати личности од светот на спортот и телевизиите, како што се поранешниот кошаркар Реј Ален, поранешниот американски фудбалер Стив Смит, комичарката Аманда Силс, артистот Мајк Колтер, раперот Куаво и хирургот д-р Мехмет Оз, кој живее во Америка.
Натпреварот на ѕвездите во подем ќе се одигра истиот ден во 03:00 по локално време. Едната екипа ќе биде наречена мешана екипа на САД, а другата светска мешана екипа. Во составот на двете екипи има најмалку тројца дебитанти и најмалку тројца играчи кои се веќе втора година во НБА-лигата. Екипите ќе бројат вкупно 10 играчи.
Турскиот репрезентативец Џеди Осман од екипата на Кливленд Кавалиерс ќе настапува за светскиот мешан состав. Во светскиот состав покрај Џеди ќе настапуваат Бен Симонс (Филаделфија 76’ерс), ОГ Aнуноби (Торонто Репторс), ДеАндре Ајтон (Феникс Санс), Богдан Богдановиќ (Сакраменто Кингс), Лука Дончиќ (Далас Маверикс), Шаи Гилгеус Александер (Лос Анџелес Клиперс), Родион Курукс (Бруклин Нетс), Лаури Марканен (Чикаго Булс) и Џош Oкоги (Минесота Тимбервулвс).
Во мешаниот состав на САД ќе играат Џарет Ален (Бруклин Нетс), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Марвин Баглеј, Деаро Фокс (Сакраменто Кингс), Џон Колинс, Трае Јанг (Атланта Хокс), Јарен Џексон (Мемфис), Донован Митчел (Јута Џез), Џејсон Татум (Бостон Селтикс) и Кевин Нокс (Њујорк Никс).
- Натпревари за таленти
На вториот ден од настанот ќе се одиграат натпреварите за таленти, 3 поени и забивања. Овие натпревари ќе почнат во 02:00 часот по локално време.
На натпреварот за таленти меѓусебно ќе се соочат пониските и повисоките кошаркари. На паркетот ќе бидат Мајк Конли (Мемфис Гризлис), Лука Дончиќ (Далас Маверикс), Деаро Фокс (Сакраменто Кингс), Никола Јокиќ (Денвер), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Џејсон Татум (Бостон Селтикс), Никола Вучевиќ (Орландо Маџик) и Трае Јанг (Атланта Хокс).
На натпреварот за 3 поени ќе настапат вкупно 10 играчи. Девин Букер (Феникс Санс), кој ќе се обиде да ја одбрани својата круна, шампионот од 2006 година Дирк Новицки (Далас Маверикс), шампионот од 2015 година Стефан Кари (Голден Стејт Вориорс), Демијан Лилард, Сет Кари (Портланд Траил Блејзерс), Дени Грин (Торонто Репторс), Џо Харис (Бруклин Нетс), Бади Хилд (Сакраменто Кингс), Крис Мидлтон (Милвоки Бакс) и Кемба Вокер (Шарлот Хорнетс).
Во изминатите години натпреварот во забивање го добија Мајкл Џордан, Коби Брајант, Доминик Вилкинс, Винс Картер и Џејсон Ричардсон. Оваа година ќе се натпреваруваат Мајлс Бриџес од Шарлот Хорнетс, Џон Колинс од Атланта Хокс, Денис Смит од Њујорк Никс и Хамиду Диало од Оклахома Сити Тандер.
68. НБА Ол-стар натпревар
Настаните ќе завршат со 68-от Ол-стар натпревар. Натпреварот, чиј формат е променет од минатата година, ќе се одигра во 02:00 часот по локално време.
На терен ќе излезат екипите на капитените Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс) и Јанис Антетокумпо (Милвоки Бакс), кои беа избрани со гласање. На спроведеното гласање учествуваа навивачите, играчите и медиумите. Џејмс, по 15-ти пат ќе игра во првата петорка и ќе го изедначи рекордот на Коби Брајант во Ол-стар натпревари.
Екипите на Џејмс и Јанис ќе се напреваруваат за добротворни цели. За екипата на победничкиот тим ќе се доделат 350 илјади долари, а за екипата на поразениот тим 150 илјади долари. На полувремето, концерт ќе одржи американскиот рапер Џ. Кол.
Во првата петорка на екипата на Леброн, чиј тренер ќе биде Мајкл Мелоун од Денвер Нагетс, ќе играат Кевин Дурант (Голден Стејт Вориорс), Џејмс Харден (Хјустон Рокетс), Кајри Ирвинг (Бостон Селтикс) и Каваи Ленард (Торонто Репторс).
На клупата на Леброн ќе седат Ентони Дејвис (Њу Орлеанс Пеликанс), Клеј Томпсон (Голден Стејт Вориорс), Демијан Лилард (Портланд Траил Блејзерс), Бен Симонс (Филаделфија 76’ерс), ЛаМаркус Олдриџ (Сан Антонио), Карл Антониј (Минесота), Бредли Бил (Вашингтон Визардс) и Двејн Вејд (Мајами Хит).
Во првата петорка на екипата на Џанис, чиј тренер ќе биде Мајк Баденхолцер од Милвоки, ќе настапат Стефан Кари (Голден Стејт Вориорс), Џоел Ембид (Филаделфија 76’ерс), Пол Џорџ (Оклахома) и Kемба Вокер (Шарлот Хорнетс).
Резерви ќе бидат Крис Мидлтон (Милвоки Бакс), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Никола Вучевиќ (Орландо Маџик), Расел Вестбрук (Оклахома Сити Тандер), Блејк Грифин (Детроит Пистонс), Дангело Расел (Бруклин Нетс), Кајл Ловри (Торонто Репторс) и Дирк Новицки (Далас Маверикс).