Mutlu Demirtaştan
14 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во првите осминафинални натпревари од УЕФА Лигата на шампиони, Реал Мадрид на гостински терен го совлада Ајакс, со резултат 1:2, а екипата на Тотенхем како домаќин беше поуспешен од Борусија Дортмунд, совладувајќи го германскиот претставник со резултат 3:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа два натпревари од осминафиналето на Лигата на шампиони.
На стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам, главниот град на Холандија, тимот на Ајакс го пречека шпанскиот претставник Реал Мадрид. Гостите поведоа во 60. минута со погодокот на Карим Бензема, а домаќините изедначија на 1:1 во 75. минута со погодокот на Хаким Зијех. Победата од 1:2 на Реал му ја донесе Марко Асенсио со погодокот постигнат во 87. минута.
Капитенот Серхио Рамос на оваа средба го одигра својот 600. натпревар во дресот на Реал Мадрид, а Бензема го постигна својот 60. погодок во Лигата на шампиони.
Во 37. минута од натпреварот, Николас Таљафико постигна погодок за Ајакс, кој, благодарение на системот судиски видеоасистент (ВАР) беше поништен. Судијата го поништи погодокот бидејќи играчот на Ајакс, Тадиќ, бил во офсајт. Ова е прв случај на поништен гол, благодарение на системот ВАР во Лигата на шампиони.
Во вториот натпревар што се одигра синоќа, англискиот претставник Тотенхем на стадионот „Вембли“ го пречека германскиот претставник Борусија Дортмунд. Тотенхем извојува победа од 3:0, благодарение на погодоците на Сон Хеунг-Мин во 47. минута, Јан Вертонген во 83. и Фернандо Љоренте во 86. минута од натпреварот.
Реванш-средбите се закажани за 5 март.