Dejan Maksimoviç
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Еден од најдобрите играчи на денешницата Лионел Меси од Аргентина (30) потпиша нов договор со Барселона, кој ќе трае до 2021 година, потврдија денес од каталонскиот клуб, јавува Anadolu Agency (AA).
Клаузулата за откуп за Меси во новиот договор изнесува 700 милиони евра. Ако остане до крајот на нов договор Меси во клубот на „Ноу Камп" ќе престојува 17 години. Аргентинецот во Барселона пристигна како 13-годишно дете во 2000 година.
За Барселона играше 608 официјални натпреварии и постигна неверојатни 523 голови. Со Барса освои осум титули како шампион на Шпанија, шест национални Суперкупови и пет првенства.
На меѓународната сцена има четири пехари од Лига на шампиони и по три од Супер Купот на Европа и Светскиот Клубски Шампионат.
Она што го нема во неговата кариера е големиот трофеј на Аргентина, за кој играше 123 натпревари и постигна 71 погодок. Единственото што има освоено со националниот тим е освоеното злато на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година.
Самостално има освоено бројни награди, а се издвојува со пет „Златни топки" за најдобар играч на светот и четири „Златни копачки" награда наменета за најдобриот стрелец во европските национални лиги.