Ercan Doğan,Emre Doğan
24 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Џани Инфантино, претседателот на Меѓународната светска фудбалска федерација (ФИФА) изјави дека Турција, којашто е еден од кандидатите за организација на Европското првенство во фудбал 2024. година, би можела многу добро да го организира ова натпреварување, додавајќи дека одлука за тоа сепак донесува Управниот одбор на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).
По Фудбалскиот самит на ФИФА во Истанбул, Инфантино на конференцијата за медиуми рече дека е многу важно што и Турската фудбалска федерација (ТФФ) поднела кандидатура за организација на Европско првенство 2024. година.
„Турција и во минатото била многу успешна. Турција би била многу добар домаќин, би можела добро да организира натпреварување. Но одлука за тоа ќе донесе Управен одбор на УЕФА. Навистина имаат тешка задача. Пред себе имаат два кандидати. Им посакувам многу среќа и на Турција и на Германија", рече Инфантино.
Јилдирим Демирорен, претседател на Фудбалскиот сојуз на Република Турција (ТФФ) истакна дека во текот на Фудбалскиот самит на ФИФА имале прилика да разговараат за многу важни теми.
„Ова се важни собири на кои се разговара за најважни реформи во ФИФА. Ваквите состаноци значително придонесуваат кон јакнењето на идејата на пријателство и заедништво преку фудбал", рече Демирорен.