Dejan Maksimovic
23 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
ЦИРИХ (АА) - На најновата, денес објавена, ранг листа на Светската фудбалска федерација (FIFA), Хрватска, која го зазема 17. место e најдобро рангирана репрезентација од регионот, додека Србија е 37., а БиХ, која напредуваше за две места, сега е 38. селекција на светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
На врвот на листата и понатаму цврсто се држи Германија, по која следат Бразил и Португалија. Од останатите репрезентации, од регионот најдобро е рангирана Црна Гора, на 48. место, Словенија е 69., потоа следи Македонија која скокна за девет места и сега е 76. во светот. Косово оствари напредок од девет позиции и сега се наоѓа на 174. место.
Редоследот на првите десет е: Германија 1.602 поени, Бразил 1.483, Португалија 1.358, Аргентина 1.348, Белгија 1.325, Шпанија 1.231, Полска 1.209, Швајцарија 1.190, Франција 1.183, Чиле 1.162.