İdiris Okuduci
26 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Ирачката единица за борба против тероризмот соопшти дека е убиен водачот на огранокот на терористичката организација ДЕАШ во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Единицата за борба против тероризмот се наведува дека во операцијата е убиен Муташ ал-Џубури, таканаречениот водач на ДЕАШ во Ирак и заменик-водач на терористичката организација ДЕАШ.
Се наведува дека Џубури е убиен во операција што ја извршиле воените авиони на меѓународните коалициски сили во руралното подрачје Деир ез Зор во Сирија.
Ирачката централна Влада на 20 мај соопшти дека е уапсен Абдулнасир Кардаш, чие име беше споменувано меѓу наследниците на Ебу Бекр ал Багдади, убиениот водач на ДЕАШ.
Багдади беше убиен во сириската покраина Идлиб за време на операцијата организирана од Соединетите Американски Држави (САД), на 27 октомври 2019 година.