Ali Cura
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, истакна дека новиот вид коронавирус, Ковид-19, во земјата го надминал пикот, и рече дека воените паради низ целата земја, по повод 75-годишнината од победата на Русија над нацистичка Германија, ќе бидат одржани на 24 јуни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Путин преку видеоконференција оствари средба со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
Наведувајќи дека општата состојба во земјата и во руската Армија е стабилна, Путин рече: „Според мислењето на експертите, епидемијата го надмина пикот во Русија.“
Претседателот Путин кажа дека наложил воените паради за Денот на победата, 9 Мај, што беа одложени поради противепидемиските мерки, да се одржат во Москва и цела Русија. „Воените паради ќе ги одржиме на 24 јуни. Во 1945 година на истиот ден по повод победата се одржа легендарната воена парада на Црвениот плоштад.“
Путин нагласи дека дал инструкции за преземање најстроги мерки за безбедноста на здравјето на учесниците во парадата, а исто така и на тие што ќе ја подготвуваат парадата.
Тој исто така наведе дека ако има можности поради епидемијата, на 26 јули ќе се одржи и маршот „Бесмртен полк“, каде што се одржи спомен за учесниците во Втората светска војна.