Bojana Stojanovic
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во изминатите 24 часа нема регистрирано починати од коронавирусот Ковид-19, а во истиот период дијагностицирани се уште 34 лица заразени со вирусот, со што вкупниот број на заразени порасна на 11.227, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од вчера тестирани се 3.427 лица, од кои 34 се позитивни на Ковид-19.
Хоспитализирани се 621 пациент, а 11 пациенти се приклучени на респиратори.
Бидејќи во изминатите 24 часа не се регистрирани смртни случаи, бројот на починати и понатаму изнесува 239. Стапката на смртност е 2,13 отсто.
Досега во Србија се излекувани 6.067 лица, а тестирани се вкупно 223.771 лице.