свет, Коронавирус

Во Кина во последните 24 часа регистрирани 7 нови случаи на Ковид-19, во Јужна Кореја 19

Во болниците во Кина продолжуваат да се лекуваат 81 пациент заразени со Ковид-19

Büşra Selvi Öğütcen  | 26.05.2020 - Обновена : 26.05.2020
Во Кина во последните 24 часа регистрирани 7 нови случаи на Ковид-19, во Јужна Кореја 19

ПЕКИНГ (АА) - Во Кина во изминатите 24 часа откриени се 7 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, додека во Јужна Кореја 19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Кинеската национална здравствена комисија се наведува дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 7 нови случаи со вирусот.

Сите случаи се регистрирани меѓу кинески државјани кои во земјата допатувале од странство.

Во болниците во Кина продолжуваат да се лекуваат 81 пациент заразени со Ковид-19.

Се планира некои меѓународни училишта во Пекинг, главниот град, на 1 јуни да започнат со настава.

Ковид-19 низ целата земја е регистриран кај 82.992 лица, а од вирусот животот го загубија 4.634 лица.

- Во Јужна Кореја регистрирани 19 нови случаи со Ковид-19 -

Во соопштението на Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја се истакнува дека во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 2 лица, а регистрирани се 19 новозаразени.

Се истакнува дека 3 случаи на новозаразени се регистрирани кај државјани на Јужна Кореја кои допатувале од странство.

Во земјата досега од вирусот починаа 269 луѓе, а вкупниот број на случаи достигна 11.225.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.