Büşra Selvi Öğütcen
26 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
КАНБЕРА (АА) - Започна експерименталната постапка за испитување на вакцината против новиот вид коронавирус, Ковид-19, на луѓето во Австралија, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Американската компанија „Новавакс“ (Novavax) започна со клиничко испитување на вакцината, а директорот на истражувањето, д-р Грегори Глен, потврди дека првата фаза на испитувањето на вакцините се врши на доброволци во Австралија.
Во рамките на првата фаза, Глен рече дека вакцината под називот „NVX-CoV2373“ ќе биде применета на вкупно 131 волонтер, и дека во таа фаза ќе се тестира безбедноста на вакцината и нејзините ефекти.
Глен изјави дека „Новавакс“ оваа година може да произведе најмалку 100 милиони дози и 1,5 милијарда во 2021 година.
Резултатите од испитувањата на вакцината во Мелбурн и Бризбејн се очекуваат во јули.
Се очекува втората фаза од испитувањето на вакцината да се реализира по месец јули на илјадници учесници во различни земји.