Yusuf Soykan Bal
27 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
ИЗМИР
Најмалку 21 нерегуларен мигрант се спасени денеска во водите крај брегот на Дикили во егејската област Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мигрантите се пронајдени носени од струја во гумен чамец откако грчките сили ги истуркале назад во турските територијални води на Егејското Море“, истакнаа извори на крајбрежната стража.
Тие се донесени на брегот и упатени до обласната Дирекција за миграција.
Турција е главна рута за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа, особено од 2011 година, кога започна граѓанската војна во Сирија.
Според податоците на турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година над 265.000 нерегуларни мигранти биле задржани во Турција.