Kemal Karadağ
22 Октомври 2021•Ажурирај: 23 Октомври 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа една од челниците на терористичката организацијата ПКК на периферијата на ирачкиот град Киркук, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најмалку тројца терористи на ПКК/КЏК се неутрализирани во антитерористичката операција која Националната разузнавачка служба (MIT) ја изврши во Киркук, и тоа на 170 километри од турско-ирачката граница.
Меѓу неутрализираните терористи беше и лидерката на ПКК, Тејбилен Билен, која го користеше и кодното име „Силан Гаји“.
Турската разузнавачка служба спроведува антитерористички операции на северот на Ирак, преку кои ѝ влезе во трага и успешно ја неутрализира терористката Билен, која била во раководните структури на терористичката организација ПКК.
Билен на терористите на ПКК се придружи во 1999 година во северноирачкиот Махмур, а учествуваше и во терористичките активности на југоисточниот дел на Турција и во терористичките активности кои во Сирија ги спроведуваше ПКК, односно нејзиниот тамошен огранок ЈПГ.