Uğur Aslanhan,Mehmet Fatih Erdoğdu
22 Октомври 2021•Ажурирај: 24 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ
Турските извозници имаат за цел да ја зголемат годишната билатерална трговија со Африка од 25 на 50 милијарди долари, изјави денеска шефот на Собранието на турските извозници (ТИМ), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Договорите за слободна трговија и реципрочните договори за заштита на инвестициите, заедно со зајакнатата соработка во секторите земјоделство, индустрија, градежништво, текстил и здравство се од суштинско значење во овој поглед“, рече Наил Олпак на последниот ден од дводневниот економски и бизнис-форум Турција - Африка во Истанбул.
Зборувајќи за посетата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на три африкански земји оваа недела, Олпак рече дека Турција презела важни чекори за зајакнување на соработката со африканските нации, склучувајќи десетици договори со владите и фирмите од јавниот и приватниот сектор во области како што се рударството и енергијата.