Muhammed Ali Toruntay
21 Март 2019•Ажурирај: 22 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција во Кандил, Авашин-Басјан, Метина, Синат-Нафтанин и Зап, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, при што се уништени упоришта, засолништа, магацини за муниција и оружја на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, ТСК извршија воздушна операција во Кандил, Авашин-Басјан, Метина, Синат-Хафтанин и Зап.
Во соопштението се нагласува дека во рамки на оваа операција уништени се упоришта, засолништа, магацини за муниција и оружја на сепаратистичката терористичка организација ПКК.