свет

Чавушолгу - Катругалос: Нереални се сите проекти кои не ја вклучуваат и Турција

Шефот на турската дипломатија утрово во Анталија се состана со грчкиот колега Катругалос, а на заедничката конференција за медиумите истакнаа дека разговарале за важни билатерални и регионални теми.

Hatice Özdemir Tosun  | 21.03.2019 - Обновена : 22.03.2019
Чавушолгу - Катругалос: Нереални се сите проекти кои не ја вклучуваат и Турција

АНТАЛИЈА (AA) – Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изјави дека сите проекти на Источниот Медитеран се осудени на пропаст доколку во нив не е вклучена и Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Шефот на турската дипломатија утрово во Анталија се состана со грчкиот колега Катругалос, а на заедничката конференција за медиумите истакнаа дека разговарале за важни билатерални и регионални теми.

Чавушоглу рече дека на состанокот е разговарано за продолжување на позитивните трендови кои во билатералните односи се започнати по состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Истакнувајќи дека Турција и Грција треба заеднички да ги разгледуваат проблемите, предизвиците и можностите со кои се соочени, Чавушоглу рече дека ќе бидат продолжени состаноците на техничко и министерско ниво за да се продолжат чекорите кон јакнење на довербата.

„Министерствата на 12 април ќе одржат политички консултации. Целта ни е да ја подобриме трговијата, врските и да го зголемиме бројот на туристите. Имаме намера значително да ја подобриме економската соработка. Сакаме во тој контекст да работиме и на енергетските проекти“, рече Чавушоглу.

Тој најави дека од 2 јуни ќе започне со работа и редовна поморска линија помеѓу турското пристаниште Чешме и грчкото пристаниште Лаврион во Атина.

„На ваквите состаноци редовно разговараме и за прашањата на малцинствата во нашите земји, како и за прашањата за Егејското Море, Кипар, Источниот Медитеран. Договараме што можеме да направиме за обнова на мировните преговори за Кипар. Сите наши состаноци и неформалните консултации се околу тие прашања“, рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека денешните билатерални разговори биле многу конструктивни и корисни, Чавушоглу рече дека во посета на Грција ќе отпатува по локалните избори кои во Турција ќе бидат одржани на 31 март.

Чавушоглу го коментираше и прашањето на искористување на енергетските извори на Источниот Медитеран и на подрачјето околу Кипар.

„Ниту еден проект не е реален ако не ја вклучува Турција. Турција има свои права врз основа на меѓународното право. Потребно е да се знае дека никаде не може да се стигне со исклучување на Турција од тој процес“, порача Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.