Турција

Силно невреме го погоди Истанбул, предизвика огромна штета

Неповолните временски услови, кои се интензивираа во текот на денот, го нарушија секојдневниот живот во повеќе делови на метрополата

Elena Trenchevska Chekovic  | 08.01.2026 - Обновена : 08.01.2026
Силно невреме го погоди Истанбул, предизвика огромна штета

ИСТАНБУЛ (AA) - Регионот Мармара во Турција сe соочува со силно невреме од утринава, проследено со силни ветрови што предизвикаа значителни штети низ Истанбул и соседните области, јавува Анадолу.

Неповолните временски услови, кои се интензивираа во текот на денот, го нарушија секојдневниот живот во повеќе делови на метрополата.

Паднатите дрвја оштетија голем број возила во повеќе области.

Брановите предизвикани од бурата предизвикаа превртување на бродовите закотвени покрај брегот. Некои бродови се судрија со брегот и се распаднаа, а некои потонаа.

Регионалниот центар за прогноза и рано предупредување на Истанбул, при 1. Регионална дирекција за метеорологија, издаде предупредување за продолжување на неповолните временски услови.

Од утре изутрина се предвидува дека силни ветрови и бури од јужен и југозападен правец ќе ги погодат областите Истанбул, Коџаели, Сакарја и Јалова.

Властите ги повикаа граѓаните да бидат внимателни и да преземат неопходни мерки на претпазливост од потенцијални опасности, меѓу кои и прекини во транспортот, остатоци од оштетените згради, труење со јаглерод моноксид од грејните тела и услови на снежна бура во областите покриени со снег.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın